Младите од Крива Паланка повикуват да го селектираме електронскиот отпад

Учениците од  општинските училишта Јоаким Крчовски и Ѓорче Петров многу пати досега ја покажале својата еколошка  заложба за зелена, чиста и одржлива  животна средина  и природа, така беше и денеска, имено еколошки групи на учениците од овие училишта, со личен пример  ја иницираа и покажаа   неминовната потреба од правилно постапување  со електронскиот отпад со цел  намалување на  неговото негативно влијание  врз домашната и непосредната  животна средина и природата.

Неупотребливите електронски и електрични уреди  содржат  многу токсични  супстанции  бидејќи во многу од нив има тешки метали и опасни гасови како што се : олово, жива  арсен, кадмиум,  и  други  содржини кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје  и животната средина доколку со нив не се постапува правилно .

Имено младите ученици  од овие училишта  денеска практично со личен пример им покажаа на возрасните и одговорните каде треба да се остава ваквиот вид на отпад. Тие  заедно со своите одговорни  наставници порачаа дека неупотребливиот електронски и електричен  отпад  не смее да завршува  заедно со комуналниот отпад  на комуналната депонија или пак во природата и да ја загадува, почвата и водите  а преку нив и  човечкото здравје.

Време е да почнеме сериозно да се грижиме за нашата животна средина.

Една од  основните активностите за зачувување на животната средина,  е  и спроведувањето на соодветна  селекција на  отпадот и  негово оставање  на определените места и во определени садови.

Големина на фонт
Контраст