Советот на општина Крива Паланка на вчерашната редовна седница го усвои буџетот на општина Крива Паланка за 2023 година, со кој ќе обезбедиме подобри услови за сите граѓани, а кој е проектиран на вкупно 463.998.000 денари.
Буџетот е конципиран за да обезбеди реализација на значајни инфраструктурни проекти за изградба на нови локални улици и патишта во висина од 106.500.000 денари или 1.700.000 евра , како и проекти за изградба на детски катчиња.
Во буџетот за 2023 год. врадени се значајни одлуките за вовдеување на нови стимулативни мерки за поддршка на младите, ранливи категории граѓани, спортисти, како и мерки за сите граѓани.
Со усвоениот буџет определени се следниве стимулативни мерки:
- 3000 денари за секој матурант во 2023
- 3000 денари за секое новороденче во 2023
- Субвенционирање на количка за секое новороденче во 2023 година
- 3000 денари за секое првооделенче во 2023
- Еднократна парична помош на лица во социјален ризик
- 550000 денари за воведување на стимулативни мерки за млади
- Поддршка на учеството на млади во процесот на креирање и носење одлуки
- Продолжува мерката за стипендирање на талентирани ученици
- Продолжува мерката за стипендирање на талентирани спортисти
- Зголемена финансиска поддршка за спортски клубови
Зголемена финансиска поддршка за здруженија на граѓани во областа на културата
- 3.000.000 денари за нови мултифункционални детски игралишта
- 6.100.000 за проектирање на инфраструктурни објекти
- Откуп на земјиште за депонија за инертен отпад
- Уредување на нови зелени површини
Најголемиот дел од буџетот е наменет за реализација на капиталните инвестиции и затоа за 2023 година, во буџетот за 2023 година е вградена проекција со рекордна висока сума за нови локални улици и патишта во висина од 106.500.000 денари или 1.700.000 евра, со што е највена година, каде градежната механизација ќе работи на секое ќоше од градот.
За изградба на патишта обезбедени се 106.500.000 денари:
– 27.500.000 денари од Бирото за регионален развој, за асфалтирање на пет нови улици и патишта:
– кон село Кркља
– ул.„Македонска”
– ул.„Баглачка”
– ул.Осоговска”
– ул.Климент Охридски”
– 12.000.000 СИПР за реконструкција на дел од улицата „Св. Јоаким Осоговски“ од осички мост до мотелот.
– 40.000.000 Светска банка МТСП за централната ул. „Св. Јоаким Осоговски“.
– 12.000.000 ТАВ
– 15.000.000 денари од Министерство за транспорт и врски, за реконструкција на улиците:
- ул. „17-та Македонска Ударна Бригада”
- ул. „Наско Тамбурков”
- ул. „3-та Македонска Ударна Бригада”
- ул. „Ѓорче Петров”
- ул. „Димитар Влахов”
- ул. „Момир Стојановски”
- ул.„Чупино Брдо”
Градоначалникот Сашко Митовски, имаше свое новогодишно обраќање пред советниците, со осврт на досега сработеното, како и за проекциите за буџетот за престојната 2023 година во кое изјави: