Уште еден вреден и капитален проект за граѓаните на Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски потпиша договор за уште еден вреден и капитален проект за граѓаните на Крива Паланка. Со овој договор, обезбедени се средства за реализирација на проектот за реконструкција на патот на улица „Свети Јоаким Осоговски“ на потегот од Осички Мост до спојот со магистралниот пат А2.

Вредноста за реализација на овој проект е во висина од12.108.000 денари, а финсиските средства се обезбедени преку Бирото за регионален развој.

Импленетатор на проектот ќе биде Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Големина на фонт
Контраст