Новогодишни честитки од учениците до градоначалникот Сашко Митовски

Денесд Новогодишната магија влезе и во кабинетото на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски благодарение на учениците од VI до IX одделение, кои се дел од секцијата “Клуб за ученички иницијативи”, под менторство на наставничките Георгина Велковска и Христина Илиевска.

Денес е денот, кога овие ученици дојдоа во посета кај  градоначалникот Митовски и пријатно го изненадија со честитки и самостојни изработки од учениците со најубави желби за многу успеси во Новата година.

Во оваа пригода, градоначалникот Митовски се заблагодари за вниманието и прекрасните честитки и воедно на сите ученици и наставници им посака среќни и весели новогодишни и божиќни празници, многу здравје, убавини, многу петки и успеси во Новата година.

Големина на фонт
Контраст