Награди за најуспешниот пожарникар, полициски службеник и комунален работник за 2022 година

Градоначалникот Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива паланка, Изабела Павловска денеска ги доделија наградите на најдобриот пожарникар, најдобриот полициски службеник и најдобриот работник од ЈП Комуналец во општина Крива Паланка за 2022 година.

Признанија со палкети за своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста, добија:

-Александар Фимков, најдобар полициски службеник за 2022 година;
-Зоран Петровски, најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка за 2022 година;
-Грозде Димчевски, се стекна со признанието за професионално извршување на работните обврски во интерес на граѓаните- најдобар комунален работник во ЈП Комуналец.

„Од името на сите граѓани на Крива Паланка, во свое лично име и во име на Советот на Општина Крива Паланка, им честитам на добитниците на признанијата за најуспешни во 2022 година и се надевам дека, овие награди ќе ја поттикнат лична мотивација кај секој од вас, да не ја штедите вашата пожртвуваност, одговорност и посветеност кон работните задачи и овој принцип на работа, да го користиме во секој момент и да го покажеме на дело во средината во која работиме и живееме“, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст