Општина Крива Паланка организираше новогодишен прием

Денеска Општина Крива Паланка организираше предновогодишна средба за локалните стопанственици, претставници на државните и локалните институции, културните работници, претставници на образовните институции, претставниците од НВО секторот, пензионерите,  голем број други соработници и членови на нашата заедница.

Градоначалникот Сашко Митовски им заблагодари на сите присутни за нивното досегашно залагање и нивниот придонес во унапредувањето и развојот на општина Крива Паланка и на сите присутни им посака здравје, среќа и успех на личен и професинален план, со желби за взаемно разбирање и успешна соработка.

Големина на фонт
Контраст