Крива Паланка со бајковита и весела предновогодишна магија

Крива Паланка живее во предновогодишно руво изминатите денови од почетокот на “Новогодишниот базар” кој во центарот на градот нуди уникатна бајковита приказна исполнета со музика и насмевки од сите страни, од преполниот плоштад гости, посетители, млади и возрасни жители.

Програмата што нуди забава за сите генерации ја носи атмосферата на убавини кои се шират и ги радуваат сите.
Градоначалникот Сашко Митовски, рече дека она што го прави посебно горд и среќен деновиве е токму тоа што гледа дека сите паланчани се горди на својот град.

-Срдечните домаќини од куќарките со разновидна понуда, гостопримливи угостители и задоволни граѓани се слика на градот деновиве,а тоа е наша одлика, и ќе биде наша постојана приказна за која, посакувам секогаш да се раскажува, рече Митовски.

-За мојата Крива Паланка работам од срце, а “Новогодишниот базар” е само еден сегмент од работењето во служба на граѓаните, рече градоначалникот Митовски посакувајќи им среќни празници на сите сограѓани.

Големина на фонт
Контраст