На последната вечер од културно-забавната програма на „НОВОГОДИШЕН БАЗАР 2022“ во Крива Паланка, бројната публика имаше можност да ги проследи настапите на атристите од бендовите: Brass Brothers и Next Time.
Атмосферата на плоштадот беше разиграна и весела, а публиката задоволна и среќна, баш како што доликува на новогодишните празнувања. А овогодинешната новогодишна програма комплетно ќе ја заокружуиме со утрешниот настап на Распеано Симитче, Христијан Настевски- ПАЈАК и Јован Петровски.
Програмата започнува од 12.00 часот, а помладата публика со нетрпение очекува да ги случне своите миленици.
Фото галерија