Детската градинка “Детелинка”- објект “Поточиња” од денес во својот двор има уредено ново детско игралиште.
Ова ново детско катче е опремено со интересни детски реквизити, кои се обезбедени преку донација од страна на опшетсвено одговорната компанија “Флекс кредит”.
Општината континуирано води грижа за најмалите и ги подобрува и унапредува условите за престој и живот на децата и како резултат на тоа во буџетот за 2023 година, издвоени се 3 милиони денари за детски игралишта и поставување урбана опрема.