За секое новороденче во Крива Паланка по 3000 денари и субвенција за купена количка до 3000 денари

Општина Крива Паланка  со Одлука на Совет  и оваа година ќе исплаќа по 3 000 денари на секое семејство со новороденче, родено од 01 јануари 2023 година и субвенција за купена количка до  3 000 денари , а чии родители се со адреса на  живеење на територијата на општина Крива Паланка  како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.

I. Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2023 година на подрачјето на општина Крива Паланка.

Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:

  1. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
  2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
  3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.
  4. Документ за платена административна такса (50 денари).

Начин на аплицирање:
– Физички во архивата на Општина Крива Паланка
– Електронски со прикачување на документите преку платформата „мЗаедница“ на следниот ЛИНК или со превземање на мобилната апликација од App Store за iPhone: https://apple.co/2SbERqJ или од Google Play за Android: https://goo.gl/Y9qhpE

II. Потребни документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување  на субвенција за купена количка во 2023 година за новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка.

Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:

  1. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
  2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
  3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.
  4. Оригинал фискална сметка (за купена количка).
  5. Документ за платена административна такса (50 денари).

Начин на аплицирање:
– Физички во архивата на Општина Крива Паланка
– Електронски со прикачување на документите преку платформата „мЗаедница“ на следниот ЛИНК или со превземање на мобилната апликација од App Store за iPhone: https://apple.co/2SbERqJ или од Google Play за Android: https://goo.gl/Y9qhpE

Барање за аплицирање може да се подигне од архивата на Општина Крива Паланка или да се симне од веб-страницата на Општина Крива Паланка на следниов линк:

Барање за доделување на еднократен финансиски надоместок за новороденче, запишано со адреса на живеење на територијата на Општина Крива Паланка

Барање за доделување на субвенција за количка за новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка

Сметки за уплата на административна такса

Забелешка:Врз основа на Член 15 точка 20 од Законот за Административни такси (“Службен весник на Република Македонија”бр. 17/1993, 20/1996, 7/1998, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 17/11, 84/12, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според закон за Социјална заштита се ослободени од плаќање на такса за што приложуват Поврда или Решение за остварено право од социјалана заштита.

Големина на фонт
Контраст