Градоначалникот, Сашко Митовски заедно со претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, го посетија домот на првото новороденче во 2023 година во општината.
Предавајќи ги пригодните подароци oд општината, тие и ја честитаa првата рожба на младата мајка Марта, посакувајќи им многу здравје, среќа, успех во Новата година и безгрижно детство на малиот Садо Демировски.
Покрај пригодните подароци за семејството Демировски и нивната принова, Општина Крива Паланка, во рамките на Програмата за социјална заштита, доделува и еднократна парична помош од 3 000 денари за сите новороденчиња, а од годинава ќе се субвенционира и купување на количка во висина од 300 денари, за нвороденчиња жители на општина Крива Паланка.
Потребните информации и документи за аплицирање се наведени во барањето, кое од дене е достапно на веб-страницата на општината.