Големиот празник Водици и манифестацијата “Пивтијада 2023” одбележани во Крива Паланка

Достојно и свечено во духот на традицијата и верата, Крива Паланка го одбележа големиот и значаен празник за христијанските верници, Богојавление – Водици.

По светата литургија одржана во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“, како што е обичајот, Богојавленскиот крст беше положен во водите на Крива Река, а по него се фрлија триесетина верници.

Од пријавените момчиња најсреќен беше Иван Ѓоргиевски, на кој му беше врачен ваучер во вредност од 200 евра од компанијата „Зегин“, како и телевизор од Општина Крива Паланка, што му го доделија градоначалникот, Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска.

Тие му посакаа среќа, здравје и бериќет на среќното момче и на сите присутни.

По повод Водици, Општина Крива Паланка ја организира и манифестацијата „Пивтијада 2023“, а граѓаните имаа можност да ги вкусат приготвените пивтии, како и домашните традиционални јадења од кривопланечката трпеза припремени од страна на членките на Клубот на пензионерки „Достоинствен живот“  ресторан „Парк Гиновци“ и Пицерија “Аквариум”, Крива Паланка.

Mанифестацијат „Пивтијада“ и одбележувањето на празникот „Богојавление – Водици“ се реализира во организација на Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј, НУ Центар за Култура, во соработка со ОО Црвен Крст и Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговска епархија.

Големина на фонт
Контраст