Еднократна парична помош за секое лице кое е во социјален ризик, корисници на права од социјална заштита, невработени лица во лоша економска и здраствена состојба и лица со попречености

Општина Крива Паланка  врз основа на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2023 година и Правилник за уредување на начинот и критериумите за доделување на еднократна парична помош  и помош во градежен материјал, потребна документација за остварување на ова право и висината на парична помош кои се донесени од страна на Советот на Општина Крива Паланка ќе исплаќа еднократна парична помош на секое лице кое е во социјален ризик,корисници на права од социјална заштита, невработени лица во лоша економска и здрствена состојба и лица со попречености .

ОСНОВ ВРЗ КОЈ СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕТО

1.Еднократна парична помош за лица во социјален ризик до 6.000 МКД
2.Лекување со оперативен зафат надвор од државата до 8.000 МКД
3.Лекување надвор од државата до 6.000 МКД
4.Лекување со оперативен зафат во државата до 4.000 МКД
5.Лекување со соодветни испитувања до 3.000 МКД
6.Еднократна парична помош се доделува на лица со тешка и длабока попреченост(пречки во телесниот и менталниот развој, аутизам, потполно слепо и потполно глуво лице) во износ до 10.000 МКД;
7.Еднократна парична помош на семејства во социјален ризик кои претрпеле елементарни непогоди и несреќи до 30,000 МКД
8.Финансиска помош во вид на градежен материјал за санирање на дотраен објект до 30.000 МКД;
9.Финансиска помош во вид на градежен материјал за оспособување и обновување на уништен објект поради елементарни непогоди и несреќи до 50.000 МКД

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО ПРИЛОГ НА БАРАЊЕТО

1.Фотокопија од важечка лична карта;
2.Уверение за пријавени и остваерени приходи од Управа за јавни приходи за последната година (во оригинал);
3.Потврда од Агенцијата за вработување на Р.С Македонија, за невработени членови на семејство;
4.Потврда за остварување на право на парична помош од социјална заштита;(гарантирана минимална помош,надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична) -изадена од ЈУ МЦСР-Крива Паланка (оригинал);
5.Фотокопија од Трансакциска сметка;
6.Решение од надлежниот центар за социјални работи за видот и степенот на попреченост и медицинска документација( се однесува на точка 6).
7.Имотен лист или за безправно изграден објект потврда дека е во процес на легализација(се однесува на точка 8 и 9)
8.Документ за платена административна такса за Барање (50 денари).

Забелешка:Врз основа на Член 15 точка 20 од Законот за Административни такси (“Службен весник на Република Македонија”бр. 17/1993, 20/1996, 7/1998, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 17/11, 84/12, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според закон за Социјална заштита се ослободени од плаќање на такса за што приложуват Поврда или Решение за остварено право од социјалана заштита.

Барање за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во градежни материјали

Сметки за уплата на административна такса

Големина на фонт
Контраст