Јавен повик  до социјално загрозени и невработени лица

Општина Крива Паланка  како во изминатата година, така и преку целата 2023 година  ќе нуди можност  на членови на  социјално загрозени семејства корисници на минимален паричен надоместок, невработени лица – активни баратели на работа и други социјално загрозени лица да преку извршување  на јавни работи, си го  подобрат месечен семеен буџет .

Имено Советот на Општината Крива Паланка кон крајот на минатата година едногласно усвои Програма за социјална, здравствена и детска заштита за 2023 година планирајки можност за ангажирање на социјално загрозени лица и  невработени лица активни баратели на работа, можност за ангажирање на јавни работи.

Согласно планот за јавни работи за 2023 година изготвен од надлежните служби секојдневната потреба  за вршење на јавни работи ќе биде од  4-5 лица на месечно ниво.

Преку овие активности од една страна  се помага на социјално ранливи групи на лица, социјализација на истите, промовирање на невработените на пазарот на трудот, а пралелно и се спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од видот на: чистење на улици, локални патишта, патеки, и скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад и чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини, и други слични јавни работи по потреба.

Временскиот период на ангажираните невработени лица ќе изнесува 22 работни дена односно  еден месец за едно социјално загрозено  лице. Месечниот надоместокот за вршењето на јавните работи ќе изнесува 11.000 денари.

За време на ангажирањетоvза вршење на јавни работи на  корисниците на минимална парична помош нема да им се укинува социјалната помош која ја користат.

Заинтересираните лица може да се информират и  пријават кај определеното лице за јавни работи на  контакт  тел. 075 236 557  и тоа последната седмица од тековниот месец  за ангажирање во  наредниот месец.

Избор на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветно определена Комисија  при Општината во соработка со Центарот за социјални работи и Центарот за вработување во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст