Формиран Локален економски совет во Крива Паланка

На иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски, денес се формираше Локален економски совет во Крива Паланка.

Сопственици, управители и директори од разновидни компании од општината ја прифатија поканата на градоначалникот Митовски и одлучија да се вклучат во работата на Локалниот економски совет, тело кое преку генерирање на добри идеи и бизнис анализи треба да влијае на економската слика во Крива Паланка, да привлекува инвестиции и овозможи отворање на нови работни места.

Локалниот економски совет ќе биде симбиоза на локалното стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани, а со цел да се идентификуваат и решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на општина Крива Паланка.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски им се заблагодари на сите присутни и посака плодна и успешна работа, истакнувајќи дека, на Локалниот економски совет му стојат големи предизвици што ги носи глобалната економска состојба и ќе треба мудро и трпеливо да се работи за развој на стратешките економски прашања за изнаоѓање на решенија за актуелни проблеми. Предлозите, сугестиите, идеите и критиките  на Локалниот економски совет ќе бидат дел од сите активности, мерки и стратегии за развој на локалната економија, а се со цел  подобрување на бизнис климата и  животот во Крива Паланка.

На првата конститутивна средба сите членови на Локалниот економски совет го изразија нивното задоволство од неговото формирање. Тие изразија подготвениост да ги стават нивните лични капацитети за подобрување на животот во градот.

На сотанкот беше присутен и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој  ја поздрави оваа иницијатива на градоначалникот Митовски и воедно ја искористи можноста пред присутните преставници на локалната бизнис заедница да ги најави најновите мерки од ИПАРД 3 програмата преку која за РС Македонија ќе има на располагање вкупно 37 милиони евра, како неповратни стретсва за бизнис секторот. Тој воедно најави и подготовка на скорешен публицитет на оваа програма за што поголема достапност и видливост, а во насока на навремана подготвеност на копаниите за подготовка на апликации по ИПАРД 3 програмата.

Големина на фонт
Контраст