Градоначалникот Митовски направи обиколка на завршените градежни активности во ООУ Јоаким Крчовски

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денес направи обиколка на завршените градежни активности во ООУ „Јоаким Крчовски“, каде меѓудругото е извршена комплетна реконструкција на подрумскиот дел на училиштето, како и реновирање на три канцеларии и соблекувалните при спортската сала.

Во оваа прилика директорот на училиштето, Дане Петровски, истакна дека со завршетокот на оваа градежна активност комплетно е реновиран просторот во подрумскиот дел, со што училиштето сега има дополнително уште една сосема нова училница, потоа простоторија која е предвидена за архива, како и просторија која ќе служи како остава за чување и одложување на разни други помошни средства и алатки. Трите реконструирани простории се опремени со компетно нов ентериер и столарија и поставена е нова инсталација.

Комплетно се реконструрани подовите и заменети сите плочки по хоризонтала и санирани и офарбани ѕидовите по вертикала во овој дел од објектот и воедно извшена е рекострукција на три канцеларии и соблекувалните при спортската сала во „ООУ Јоаким Крчовски“.

Средствата за реализација на овие градежни активности се вложени од сопствениот буџет на училиштето, благодарение на посветеното и домаќинско работење на директорот, Дане Петровски.

– „Општина Крива Паланка во континуитет инвестира во подобрување на условите во основните и средното училиште, а целта е да им се овозможи на учениците, но и наставниот кадар максимални услови за непречено одвивање и следење на наставниот процес. Со сите досегашни градежни зафати што се реализирани, централното училиште доби комплетно нов лик со што учениците во ова основно училиште во Крива Паланка, наставата ќе ја следат во целосно реновирана училишна зграда. Влогот во подобрување на квалитетот на условите за реализација на наставата е влог за идните генерации, а тоа се наша обврска и долг кон заедницата“, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст