Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес оствари средба со новата спортска гордост на КриваПаланка, младиот каратист Теодор Павловски, кој вечерва патува на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Ларнака, Кипар.
Младиот репрезентативец Теодор Павловски потекнува од карате клубот „Шампион“ и како што изјавија неговите тренери Жарко Ангеловски и Стевче Христовски, ова е прв официјален настап на Европско првенство за Павловски и тој ќе настапи во категорија +70 килограми.
– „Посакувам успешно и достојно претставување на општината и државата, како дел од репрезентацијата што од 3 до 5 февруари ќе ги брани боите на Северна Македонија во конкуренција на најдобрите млади карате-ѕвезди од цела Европа, изјави градоначалникот Митовски, истакнувајќи дека и тој и општината се гордеат со сите младите талентирани спортисти, кои се вистински амбасадори на градот и државата.
За таа цел, продолжуваме со континуираната поддршка на спортот, спортските клубови, како и младите таленти од Крива Паланка, за што за првпат со буџетот за 2023 година Општина издвои 2.600.000 денари. Дополнително, продолжуваме и со вложување во нова спортска инфраструктура, за нови и уште поголеми успеси во спортот и младите“, истакна градоначалникот Митовски