Градоначалникот Сашко Митовски денес оствари работна средба со проектанскиот тим од фирмата “24 Инг” и стручните служби од општината, на која беше разгледана техничката докумнтација за сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај на ул.”Св.Јоаким Осоговски” и сообраќаениот проект за зонско паркирање на истиот потег.
Општина Крива Паланка продолжува да работи на финализација на проектот за зонско паркирање што треба да се реализира во престојниот период.