Одржан состанок на Локалниот совет за превенција

Вчера, во општинската сала за состаноци во Крива Паланка се оддржа работен состанок на Локалниот совет за превенција. На дневен ред на Советот, со кој претседаваше градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски централна тема беше, Анализа на моменталната состојба на територија на општина Крива Паланка по однос на можните девијатни појави и дефинирање на интегралниот оперативен план на Локалниот совет за превенција за 2023 година.

Свое обраќање по наведената тема имаше градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, а командирот на ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски, Преставникот на советодавни групи на граѓани и секретар на ОО Црвен Крст, Дарко Пешовски, помошник командирот на ЈРМ и Превенција-ПС МВР Крива Паланка, Зоран Николовски, како и други членови на советот изнесоа согледувања и анализи за состојбата во општината.

На состанокот беа разгледани и другите теми од областа на безбедносната состојба, јавниот ред и мир, како и ширењето на опасноста од сајбер насилството кај младата популација, како актуелна тема. Во таа насока зборуваше професорката, Катерина Наковска Митовска, која изнесе реални примери и начини на справување со ваков тип на проблеми кај средношколците.

Присутните се согласија дека треба да се превземат конкретни акции по одредена проблематика и со координација помеѓу стручните служби и надлежните институции, да се превземат кокретни превентивни мерки за подобрување на состојбата во градот и околината,за што беа донесени и соодветни заклучоци.

Големина на фонт
Контраст