Локалниот економски совет на општина Крива Паланка, денеска, оддржа работен состанок, на кој главна тема беше усвојување на Деловникот за работа, како и детално запознавање на присутните членови на Локалниот економски совет со тековните и планираните активности и проекти во општината.
На состанокот присуствуваа членовите на Локалниот економски совет, претставници на општинската администрација, а со состанокот заседаваше градоначалникот Сашко Митовски.
Градоначалникот Митовски на овој состанок, пред присутните изнесе детална анализа на состојбата во општината од аспект на креирањето услови за сеопфатен економски развој на локалната заедница.
Особено беа потенцирани придобивките од донесувањето на престојниот нов ГУП за периодот 2019-2029 година, кои ќе имаат директен импакт во економскиот развој на локалната заедница.
Беа презентирани и кокретни мерки и иницијативи што општината ги превзема во насока на подобрување и унапредување на условите за реализација на планираните и тековни градежни активности, урбанистичкото проектирање, а беа споделени и корисни информации за изработената проектна документација, која е основ за реализација на планираните градежни и инфраструктурни зафати во Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Митовски пред присутните нагласи дека, тој останува отворен за постојана соработка со сите претставници на ЛЕС , се со цел заедничко надминување на моменталните предизвици со кои Општината се соочува, креирање на услови за намалување на невработеноста.
„Да дадеме се од себе, со поголем ентузијазам и мотивираност за посветена работа и обезбедување функционалност на ова тело, со крајна цел унапредување на економската состојба во градот за да ги задржиме младите да останат да работат во тука во нашата општина“ рече градоначалникот Мотовски.