Градоначалникот Сашко Митовски денес имаше средба со двајца наши сограѓани припадници на македонските тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, кои беа во седумдневна спасувачка мисија за помош во пребарувањето на урнатитените во потрага по преживеани по катастрофалниот земјотрес, кој ја потресе Турција и Сирија.
Двајцата кривопаланчани припадниците на Македонскиот спасувачки тим-УСАРД, се Зоран Павловски вработен во Дирекција за заштита и спасување – ДЗИ и Мирослав Ивановски вработен во рудникот „Тораница“.
„Покрај веќе усвоена Одлука за доделување парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, Советот на Општина Крива Паланка ќе ги награди со по 18 000 денари и нашите припадници на Македонскиот спасувачки тим, а со овој гест сакаме да одадеме почит за вашата голема професионалност, пожтвуванос, храброст и хуманост во најтешките и најкритични момент“- изјави градоначалникот Митовски.
Тимовите во состав од 39 обучени и опремени спасувачи, осум дена беа во спасувачка мисија во Турција, каде помагаат во спасување на преживеани од под урнатините по разорните земјотреси што ја погодија земјата.