По повод Вториот роденден на Europe House Крива Паланка, градоначалникот Сашко Митовски организраше прием за заменикот шеф на ЕУ во Северна Македонија, Џулиeн Васало и преставници од Делегацијата.
Општина Крива Паланка веќе две години има една успешна Европска куќа и успешна приказна на создаденото ново катче за младите. Тоа е урбано место на новите генерации, кое со сигурност го отсликува ангажманот на младите во изминатите години и ги истакнува придобивките, што ова „место на новата генерација” ги донесе во нивното секојдневие.
На средбата со Заменик амбасадорот Васало, градоначалникот Митовски упати благодарност до Делегацијата, за досегашната поддршка и успешна соработка, како и за изборот, Општина Крива Паланка, да биде една од првите општини надвор од Скопје, што доби една ваква модерна Европска куќа,
„Европската куќа е наш партнер во секојдневните промени, кои на локално ниво, како локална самоуправа ги создаваме за младите и со иницијативи кои произлегуваат токму од нив.
Особено сум радосен, што денес тука, во мојот кабинет можам да споделам со Вас повеќе новитети и мерки што општината ги превзема за младите со конкретна, директна поддршка насочена кон нив.
Крива Паланка е една од ретките општини што го има исполнето Законот за младинско учество и младински политики и има назначено овластен службеник за млади во општината како, претставник на младите и директен линк со младите, за постојана комуникација со младите и младинските здруженија, што овозможува во контининуитет да се детектираат и решаваат проблемите на младите, но и да ги слушаме нивните потреби и гласот на младите.
Крива Паланка е една од ретките општини во државата што во целост ги исполнува законските обврски и процедурите и за таа цел го конституираше и младинскиот совет, кој е функционален и зема активно учество во јавнито живот на младите и работи тековно, што придонесе за креирање и на Програма за млади со низа конкретни мерки и бенефиции со кои општината директно ги поддржува и помага младите, изјави градоначалникот Митовски.
Роденденската програма на Европската куќа започна со филмска проекција на првиот долгометражниот филм „Сестри“ – авторско дело на режисерката Дина Дума, на која присувствуваа заменик амбасадорот Васало и градоначалникот Митовски.
Во рамки на богатата роденденска програма на Европска куќа Крива Паланка (Europe House) младите ќе имаат можност да го проследат филмскиот маратон со мото „Во киното е филмот“, кој ќе трае до 24 февруари.