Денес градоначалникот Сашко Митовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ја најавија изградбата на модерно повеќенаменско игралиште во с. Мождивњак м.в.Дубје, со финансиски средства обезбедени преку Агенцијата за млади спорт.
Општина Крива Паланка интензивно продолжува да работи, да ја унапредува и осовременува спортската инфраструктура и да создава квалитетни услови за развој на современи спортски терени, а се во насока на подобрување и промовирање на спортската култура и здравиот начин на живот за сите рекреатицци и спортисти на територијата на општина Крива Паланка.