Завршена е изградбата на новата фитнес зона во Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка денес беше пуштена во употреба новата фитнес зона, кај спортско рекреативниот центар-игралиште.

Градоначалникот Сашко Митовски, заедно со министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направија  примопредавање и обиколка на новоизградената фитнезс зона на отворено.

Новата фитнес зона на отворено е дел од спортскиот комплекс во Општината и зафаќа вкупна површина од 184 м2.

Овај нов и модерен спортски терен е обложен со стандардизирана гумирана подлога, отпорна на надворешни влијанија, на која се поставени осум комбинирани фитнес справи и реквизити за потребите на корисниците, како и две табли за кошарка.

Од поставените осум фитнес справи, една е специјализирана за лица со попречености, а останатите седум се комбинирани справи и реквизити  за употреба за возрасни лица над 12 години.

Целосната финасиска рамка за изградба/поставување на планираните спорски објекти и содржини се во висина од околу 3 милиони денари, а средствата се обезбедени се преку Агенцијата за млади и спорт.

„Општина Крива Паланка продолжува интензивно да работи со реализација на планот за изградба на модерен и урбан град по мерка на сите, што еден од нашите врвни приоритети. Во таа насока, со засилено темпо продолжуваме да ги реализираме проектите за изградба и реконструкција на спортските терени во општината, а денес е ставена во функција и новата фитнес зона, со чија озградба, сме чекор поблиску до целосното заокружување  на еден урбан и функционален спорски комплекс во општината“, во оваа прилика изјави градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст