Се одржа „Невестинско поклонение “ 2023 во Кривопаланечкото село Конопница

Три пара невести и нивните свекрви од три различни краеви на државата денес беа учеснички на 13-та по ред манифестација „Невестинско поклонение“ во црквата св.теодоро Тирон во кривопаланечкото село Конопница.

Манифестацијата го негува пост-свадбениот обичај на поклонение на невестите венчани помеѓу две Тодорови саботи и нивните свекрви, според кој, се поклонуваат пред светецот зза род и пород во семејството.

Покровител наанстанот е Општина Крива Паланка, организатор РЗР „Патник“, а куриозитет годинава беше учеството на невестата од познатата Галична свадба.

-Традицијата  е идентитет и белег на нашиот народ, а тие, сочувани преку „Невестинското поклонение“ како обичај што ги негува семејните вредности денес не собраа тука, во Конопница, во црквата св.Теодор Тирон, не сполотија заедно, млади и возрасни, да им се радуваме на вредностите што не обединуваат и одликуваат како народ. Денешната  манифестација е карактеристична што за првпат, учествува невестата од Галичката свадба,што ја прави манифестацијата „Невестинско поклонение“ обединувачка на сите свадбени и постсвадбени обичаи обоени со колоритот на богатиот македоснки фолклор и традиција. Вредностите на семејните врски и нивната круцијална важност за општеството како аманет  ги пренесуваме од поколение на поколение, чувајќи ги од заборав- одржувајќи ги денес како мост за иднината.Општина Крива Паланка е покровител на манифестацијата и ќе продолжиме да ја негуваме како дел од идентитетот на нашиот народ, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На настанот присуствуваа Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претставници од Советот на Општина Крива Паланка, бројни граѓани и туристи.

-Манифестацијата е и во симболот на тролисната детелина- основа на црквата, со три пара невести и свекрви, од три различни краеви на нашата убава држава и историско, учесетво на неевстата од Галична свадба, од минатата година, Елена Димитрова со свекрвата. Учестуваат и Берта Санева од Штип и Марија Стојановска од Крива Паланка, заедно со своите свекрви.Галичкиот пар снаа свекрва ќе биде дотеран во оригинална Галичка носија од збирката на носии на Достана Караѓозоска, а и останатите носат автентични носии , секоја од својот крај. За оваа година успеав и да комплетирам машка носија од кривопаланечко,а  изработив и календар за манифестацијата за следниет 100 години,почнувајќи од оваа гоидна, по симболичното учество на невеста од Галичник, се до 2122 година, изјави иницијаторот за обнова на манифестацијата од РЗР Патник, Стојанче Величковски.

За културната програма се погрижиија музичка група и КУЗ „Карпош“.

По завршување на културната манифестација РЗР Патник ќе го распише Меѓународниот конкурс за карикатура, како дел од Годишната програма за култура на Општина Крива Паланкаштина Крива Паланка, од општината и јавнит институции и здруженија од регионот.

Големина на фонт
Контраст