Одржана втората сесија од проектот “Зајакнување на општинските совети“

Денес во општина Крива Паланка се оддржа втората форумска сесија од Проектниот форум, кој се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

Во рамки на оваа форумска сесија беа претставени вкупно девет предлог-концептите од работните групи формирани на првата сесија и тоа:
Концепт (1) Реконструкција/Изградаба на автентична традиционална паланечка куќа во функција на зголемување на туристичката понуда – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (2) Формирање на туристички информативен центар со виртуелна мапа и е-промоција на туристичкиот потенцијал – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (3) Поставување на хибридни фотоволтаични системи за обезбедување на енергија за спортска сала – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (4) Партерно уредување на локалаитет за ,,невестинско поклонение,, кај црква св.Теодор Тирон с.Конопница – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (5) Уредување на туристички локалитет с.Градец (црква, конак, школо, испосница и археолошки) – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (6) Набавка на музичко-сценска опрема за организирање на културни настани и урбана опрема на амфитеатар – презентација Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот
Концепт (7) Уредување на приватни куќи во етно стил за сместување на туристи – презентација
Концепт (8) Збогатување на туристичката понуда преку изградба на ПУМП патека за велосипеди – презентација
Концепт (9) Унапредување на туристичката понуда преку изградба на пешачка патека лев брег на Крива Река

На втората форумска сесија беше направено и дооформување на работните групи за развивање на предлог проекти, а пред присутните беше презентиран и формат за предлог проект.

 

Големина на фонт
Контраст