Градоначалникот Митовски ги претстави позитивните искуства од прекугранична соработка со Србија на завршен проектен настан во Европската куќa

Градоначалникот на Општина Крива Паланка ги претстави позитивните практики на Општина Крива Паланка во прекуграничната соработка со Србија и партнерството со збратимениот Град Лесковац во Europe House Крива Паланка.

Градоначалникот Митовски присуствуваше на завршна конференција од прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ што се спроведува во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и Tраг фондација (координатор) финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).

Со збратимениот Град Лесковсац, Србија, Општина Крива Паланка оствари успешна соработка на проектот „Поврзување на бисерите“, а веќе аплициравме и нов проект за нови успешни регионални приказни и интегриран пристап во промоција на вредностите и потенцијалите што не карактеризираат, истовремено отворајќи нови перспективи и можности за рурален, еко-туризам, гастрономски туризам и локален економски развој.

На настанот, симболично со панелистите засадија семе “пркос” од био-разградливи картички продукт на социјално-претпријатие од државата, формирано во проектниoт циклус.

Можностите што ги нуди ЕУ-прекуграничната програма за соработка со нашите соседи се нови можности за развој на нашите заедници.

Големина на фонт
Контраст