Извршен увид во тековни градежни активности

Стручните служби од општината направија увид во градежните работи за уредување на пристапот кон зелениот градски пазар и уредување на паркинг простор под комплексот згради во овој реон, кои деновиве интензивно се одвиваат.

Градежните работи се одвиваат согласно временската динамика на изведба и во наредноот период следува обнова на пристапната улица која води, до и покрај зелениот пазар и асфалтирање и партерно уредување на наведените површини од овој реон, за урбан лик и на овој дел од градот.

Големина на фонт
Контраст