Градоначалникот Сашко Митовски заедно со надлежните служби од општината, денес направија увид во градежните земјени активности за изградба и асфалтирање на локалниот пат во с. Кркља (од прикључок на локален пат, кон маалата Џиковци и Туарци).
Должината на трасата на која интензивно се работи, изнесува 1. 500 метри, а финасиските средства за изградба, се обезбедени преку Бирото за регионален развој и се со вредност од околу 10 милиони денари.
Изведувач на градежните работи е економскиот оператор ДГУТ „Цвет Комапни“ ДООЕЛ Скопје. Градоначалникот Митовски, за време на денешниот увид, нагласи дека, новата градежна сезона и инфраструктурните активности за пдодобрување на локалната патна инфраструктура започнаа да се одвиваат со забрзано темпо и динамика, благодаение на доброто планирање на активностите и на поволните временски услови и затоа, сите планирани проекти навремено ќе се реализираат.
Надлежните служби од општината контирнуирано ќе вршат редовни контроли, со цел квалитетно, успешно и навремено завршување на работите од страна на ангажираните економски оператори.