Во Крива Паланка одбележан денот на пролета

Денот на пролетта и екологијата 21-ви март, општина Крива Паланка го одбележа со засaдување на нови садници на потегот од Осички мост до клучката со патот кон нашиот манастирски, „Св.Јоаким Осоговски“.

Градоначалникот Сашко Митовски заедно со дел од раководителите на општинската администрација, претставници од Советот на Општината и раководители и директори на јавните образовни институции, засадија 80 декоративни дрвца од типот Јапонска цреша и на тој начин симболично го означија почеткот на пролетта .

Во знак на пролетно разубавување на градот и зелена и чиста средина, во претходниот период доплонително беа засадени над 570 декоративни садници.

На влезот на градот, во дрвореди долж главната улица засадени се – 90 корени јавор платан, – 400 јавори се засадени во кејот на Крива Река, на левиот и десен брег по течението во мајор-коритото и – 80 Јапонски цреши денес засадивме низ дрворедите на новоуредените тротоарски површини на овој потег на главната улица.

Пролетта означува будење на природата, а за нас продолжување во намерата да се грижиме за околината, да подигнуваме нови зелени површини, да ја сочуваме убавината на секој дел од градот.

Големина на фонт
Контраст