Одржана Франковонска вечер во Крива Паланка

Општина Крива Паланка и годинава, традиционално, беше домаќин на Националната франкофонска вечер, еден прекрасен настан со младите франкофони од општината.

Градоначалникот Сашко Митовски заедно со неговата екселенција, Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер, ја проследија креативната програма и со осопбена почит ја поздравија работата на професорите по француски јазик, кои отвораат нови перспективи за младите ученици преку изучување на јазикот и културата.

Франкофонската вечер е во организација на Фондацијата “Бел идеал”, а се одржа во НУ Центар за култура Крива Паланка, каде стотина млади франкофони од шест градови се претставија со темата – “Франкофонијата ја истражува Северна Македонија“.

Инаку, терминот „Франкофонија“ првпат е употребен од францускиот географ Onesime Reclus во 1880 година  и истиот ги опфаќа сите луѓе и држави што се служат со преубавиот француски јазик кој заради милозвучноста нарекуван е јазик на љубовта.

Нашата држава на 28 септември, 2006 година, за време на Самитот на Франкофонијата што се одржа во Букурешт, Романија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата. Франкофонијата ги застапува вредностите кои соодвествуваат со европските определби: залагање за мир во светот, човекови права, демократија, поддршка на образованието, науката и истражувањето, млади и спорт, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.

Големина на фонт
Контраст