Учениците од ООУ„Илинден“-подрачно училиште во с. Конопница, наскоро ќе добијат нов и современ спортски терен.
Благодарение на посветеното работење и добро менаџирање на оваа институција, учениците и децата од овој дел од градот, ќе имаат можност безбедно и сигурно да спортуваат и да се рекреираат.
Новото спортско игралиште се гради во рамки на училишниот двор, а ќе биде опремено со тартан подлога, заштитна ограда, реквизити за настава и реализација на часови по физчко воспитување, реквизити за играње на мал фудбал, ракомет, тенис, одбојка, атлетика, фитнес вежби и слични физички активности.
Планираниот буџет и финасиите за изградба на новиот спортски терен, се обезбедени од сопствени средсва на ООУ „Илинден“ Сите деца заслужуваат да се едуцираат и психо-физички да се развиваат во современи услови, какви што овозможува и оваа воспитно-образовна установа, а локалната самоуправа континуирано продолжува да вложува во учениците, младите, образованието и во квалитетна настава по спорт, за здрави генерации.