Градец прекрасно место за празнување

На иницијатива на Градоначалникот на Општина Крива Паланка,  г-динот Сашко Митовски  во изминатите неколку дена  спроведена е голема еколошка акција  за расчистување на просторот и околината  на црковниот комплекс ,,Св. Никола ,,во село Градец , со цел создавање на соодветни услови  за престој во природа и соодветна почит на оваа наше старо духовно светилиште во пресрет на велигденските и прво мајските празници.

Во расчистувањето  на природниот амбиент  беа вклучени ангажирани лица од социјалната програма на Општината , лица од КПУ – отворено оделение  од Крива Паланка и лица од Јавното комунално претпријатие  Комуналец од Крива Паланка  кои  заедно собраа и отстранија над  70 м3 на разновиден отпад и несоодветна вегетација .

Во име на вработените во општина Крива Паланка и во лично име Градоначалникот на Општината, вооедно   ви ги честита големите Велигденски празници  со желба ,истите  да ги поминете во  добро здравје и убаво семејно и пријателско дружење и расположение и по можност во некој од празничните деновите да го посетите  и локалитетот Градец.

Вооедно се замолуваат сите граѓани кои ќе  претстојуваат во природа  или ќе ги посетуваат излетничките места на подрачјето на општината Крива Паланка, отпадот да него оставаат на местото на престојот, туку во најблиските садови за комунален отпад .

Честити и убави велигденски празници.

Големина на фонт
Контраст