Успешно реализирана осмата манифестација “Велигденска традиција”

Раскошна, разиграна и весела атмосфера на градскиот плоштад во Крива Паланка е сликата од осмата манифестација што традиционално на третиот ден од Велигден се реализира во општината.

Центарот на градот беше преполн  радосни и насмеани лица, настапите на учениците од основните училишта со Велигденски песни ја развеселија публиката, а богатство на настанот му дадоа прекрасните декорации изработени од учесниците во натпреварот за најубави декорации.

Победник во овој натпревар е декорацијата-  “св.Јоаким” од Основното општинско училиште “Св.Јоаким Крчовски”, второто место им припадна на “8-3” одделение од ООУ Илинден, а трето место освои декорацијата “Ѕвездички” од детската градинка “Детелинка”.

Годинава покрај традиционалниот натпревар во најцврсто велигденско јајце, во кој победи Божил Митовски, манифестацијата ја збогатија натпреварите во: носење јајце во лажица, во кој најуспешна беше Грета Станковска и натпревар во носење балон во парови во кој победија Ина Ангеловска и Николија Давидовска.

Празнични песни, натпревари, награди за најдобрите се одлика на уште една успешно реализирана манифестација во општината од стана на ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка и културните институции, што ги разигра срцата на присутните.

-Трет ден Велигден во Крива Паланка традиционално се празнува заедно со граѓаните, прекрасна и радосна атмосфера повторно е сликата од нашиот град и плоштад и денес, така што Општина Крива Паланка продолжува да го гради имиџот на град што некако спонтано прераснува во градот препознатлив во организација на манифестации, препознатливи и привлечни за посетителите. Празниците нека донесат мир, здравје и радост во секој дом, Христос воскресе, навистина воскресе!”, им порача градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски на сограѓаните.

 

 

Големина на фонт
Контраст