Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во посета на Oпштина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес имаше работна средба со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Во рамки на средбата, министерката Шукова и градоначалникот Митовски разменија информации за тековните и планираните активности на локалната самоуправа, а министерката Шукова информираше за начините на кои Министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина.

Со посебен акцент се дискутираше за активностите, мерките и проектите од областа на животната средина, кои Општина Крива Паланка ги сроведува, планира и имплеметира во рамки на своите операртивни годишни програми и во соработка со Министерството, а се во насока на подобрување на состојбата со животната средина во општината и унапредување на условите живот на локалното население.

На средбата, министерката Шукова истакна дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање, ќе додели и конкретна помош и поддршка за реализација на квалитетни и одржливи мерки и проекти по конкретни програми за унапредување на постојната состојба со животната средина во општината и во тој контект најави и доделување на околу 7 000 илјади контејнери за предселекција на отпад на сите општини, меѓу кои и Oпштина Крива Паланка.

Од состанокот произлезе заклучок дека заедничката соработка помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна за имплементација на одржливи, навремени и координирани активности, кои ќе придонесат за поздрава животна средина и поквалитетен живот на сите граѓани во општината, но и за одржлив развој на самата општина.

Големина на фонт
Контраст