Со благослов на светиот српски синод и Македонската православна црква -ОА, за првпат посета на РС Македонија остварија претставници на Богословското училиште “св.Арсениј” од Сремски Карловац, Р.Србија, а на првиот ден од еднонеделната посета, беа гости на Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски.
Градоначалникот говореше за нашата Крива Паланка, градот со два светители: св.Јоаким Осоговски и св.Јоаким Крчовски пред митрополитот Кумановско – Осоговски г.Григориј , свештениците од КОЕ и Ректорот на богословското училиште, протојереј ставрофор Јован Милановиќ и учениците од завршната година.
Делегацијата ќе направи духовно-туристичка обиколка на Северна Македонија со посета на: Скопје, Охрид, Тетово, Битола, Прилеп.
Обновените , братски, духовни врски помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ отвораат нови перспективи.