Градежни активности за целосна рехабилитација на локален пат од Осички мост до мотел Македонија

Градоналникот Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината направија увид во теренските градежните активности за рехабилитација на улица „Св.Јоаким Осоговски” на потег од Осички Мост до мотел Македонија.

Деновиве започнаа интезивни активности за комплетна рехабилитација на овој локален пат, на кој преходно беа изградени тротоарите и поставен сосема нов дрворед од со декоративни садници-јапонска цреша.

Според планираната динамика за изградба, деновиве продолжуваат активностите за целосна замена на коловозната конструкција со нов слој на асфалт со изградба на атмосферска канализација, поставување на заштитна еластична одбојна ограда и поставување на електрични места за подобрена видливост и безбедност на улицата за сите учесници во сообраќајот.

За овој проект се инвестираат 12.000.000 денари, средства обезбедени преку Центарот за развој на Североисточен плански регион ( СИПР).

Општината континуирано планира и инвестира за подобрување на урбаниот и модерен лик на градот.

Големина на фонт
Контраст