Синоќа во спортската сала „Бранители 2001“ свечено бeше отворен вториот „Национален турнир во мал фудбал Крива Паланка 2023“ и во наредните десетина дена кривополанчани ќе можат да уживаат во позитвна спортска атмосфера на фудбалската магија.
Организатор и покровител на овој несекојдневен спортски настан е Општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт на С. Македонија и ТАКТ, локалната бизнис заедница и нивната поддршка и спонзорство.
Почетокот на вториот „Национален турнир во мал фудбал Крива Паланка 2023“ имаше чест да го отвори еден од големите фудбалери од Крива Паланка, кое е дел од вицешампионскиот футсал клуб од градот, а денес успешен лекар, спец.гинеколог, Д-р Ацо Младеновски.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски му врачи плакета на Д-р Ацо Младеновски, во знак на почит и благодарност за неговите заслуги во развојот на успешната фудбаска приказна од нашиот град.
Полните трибини, позитивната атмосфера и непрекинатите аплаузи за актерите во синоќешните слушувања, даде натпреварот помеѓу екипите на подмладокот на ФК “Академија Осогово”, иднината на фудбалот во општината.
Наредните денови следуваат интересни натперевари што ќе понудат спортска еуфорија и забава за сите генерации, љубители на фудбалот.
Крива Паланка живее во знакот на најважната споредна работа на светот -фудбалот.