Општина Крива Паланка, во соработка со ЈП Комуналец, спроведува повеќе активности за поубава и почиста Крива Паланка, затоа деновиве екипите од ЈП Комуналец започнаа со работни активности за пролетно разубавување и уредување на јавните зелени површини во градот.
Екипите од секторот Паркови и зеленило интензивно работеа на засадување на повеќегодишни зимзелени дервја, декоративни садници и разни видови цвеќиња во центарот на градот, во градскиот парк и градски плоштад, влезот на градот – јавна површина кај “Борчева кафеана“ и по кејот на Крива Река.
Во оваа пролетна акција беше извршено и косење на тревните површни, како и активности за ревитализација на леите со цвеќе и други хортикултурни содржини со плевење и засадување на нови цветни и украсни садници.
Активностите за оплеменување и разубавување на јавните површини во градот продолжуваат и во наредните денови, со етапен план за одредени локации во градот, а грижата за чистата животна средина и поубава Крива Паланка, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институциите и граѓаните.