Жителите од населба Баглак добиваат нов спортско рекретивен простор и ново детско игралиште

Денес започнаа градежните работи за изградба и уредување ново детско катче и комбиниран спортски терен на локалитетот под Метеоролошка станица.

Овој проектот за уредување и изградба на јавна површина со поставување на урбана опрема, опфаќа градежни активности поделени на две нивоа, односно две платформи.

На првото ниво започна изградба на повеќенаменско спортско игралиште со поставување на реквизити за кошарка и фудбал , додека на второто ниво, или горната платформа, се гради детско игралиште со јавна површина за одмор и рекреација. Ова детското игралиште ќе биде обложено со подлога од асфалт врз која ќе се постави вештачка трева-кент.

Околу целиот простор ќе биде поставена и ограда во висина од 1,5 до 4 метри според висината на теренот и ќе биде уреден и мал паркинг.

Вкупната урбана површина за спорт и рекреација и забава за најмладите, изнесува околу 900 м2.

Целосната инвестицијата за реализација на проектот за изградба на овој урбан простор за радост и среќа на најмладите и спорт и рекреација за сите жители од овој реон, е од Општинскиот буџет согласно Програмата на Одделението за изградба и оддржување на комунална инфраструктура.

Големина на фонт
Контраст