Премиерот Ковачевски на увид во градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Претседателот на Влада, Димитар Ковачевски, денес заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпијатие за државни патишта Ејуп Рустеми, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, како и градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, направија увид во градежните активности за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Во рамки на денешната посета на експресниот пат, премиерот Ковачевки посочи дека изградбата на оваа делница претставува значајна патна артерија од Коридорот 8, еден од Паневропските коридори што е стратешка определба на Владата за изградба и модернизација на патна инфраструктура, што до крајот на мај 2024 година ќе овозможи патување по модерни, безбедни и современи патишта.

„Сите сме свесни за економско-политичкото значење на Коридорот 8 и патното поврзување со Република Бугарија, но и со поширокиот регион. Токму затоа, Владата на Северна Македонија инвестира во модернизација и доизградба на Паневропскиот коридор и патните правци опфатени со него. Патна ифраструктура со железничко поврзување во иднина, е приоритет на Владата на РС Македонија“, рече премиерот Ковачевски.

При обиколката на теренот, преставниците од компанијата Старбаг и надзорот, му презентираа на премиерот Ковачевски и другите присутни, до каде се градежните активности со оваа делница и што во моментот се работи на терен.

Вкупната должината на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е 24,5 километри, а инвестицијата е во висина од 62,5 милиони евра, средствата се обезбедени преку Светска Банка.

Од страна на градоначалникот Митовски беше кажано дека, со овој експресен пат ќе се скрати времето на патување, но ќе се овозможи и подобар транспорт, подобра економија, развој и на туризмот и на останати гранки во локалната заедница.

– Градбата на патните правци и нивата модернизација, до и од Крива Паланка е сигурна гаранција за подобар, побрз и поголем локален-економски развој на општината, а инвестирањето во модерна и современа патна инфраструктура од страна на Владата на РС Македонија, за нашата општина значи подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, изјави во оваа прилика градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст