Денес во општина Крива Паланка се реализираше настан-промотивна кампања за запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД 3 програмата, во организација на Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнатсво

На настанот присуствуваа, министерот Љупчо Николовски, раководителот на телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, Живко Брајковски и градоначалникот Сашко Митовски.

На самиот почеток на овој информативен настан свое обраќање имаше градоначалникот Митовски, кој во своето излагање најпрвин го поздрави овој чекор и пристапот на Министерството, за организирањето на токму вакви инфо денови, каде секој заитересиран граѓанин ќе има можност директно да се запознае со можностите што ги нуди новата ИПАРД 3 програма за искористување неповратни средства од државата и Европската Унија.

Градоначалникот Митовски воедно упати и директна благодарност до министрот Николовски, за негова непосредна комуникација со секој еден граѓанин од секое населено место на територијата на државата, со директни теренски средби, како во овој случај – со посета на повеќе од 50 населени места, се со цел информирање на јавноста во пресрет на првиот јавен повик, работа, која впрочем го отсликува Министерството во последните неколку години: блиску до граѓаните, блиску до земјоделците.

„Ние како Општина будно ќе ги следиме сите новитети и мерки кои ни се нудат како можност во новата ИПРД 3 програма и интезивно ќе работиме на подготовка на апликации, а наша заложба како локална власт е преку ваквите повици да реализираме нешто капитално,видливо и значајно за граѓаните.

Ова за сите нас е само уште една можност за што поголем број поединци и претпријатија да се развиваат и да бидат нова успешна приказна со: зголемено производство, нови вработувања и подобра локална економија.

На крај посакувам денеска да имаме продуктивен и корисен работен состанок и секако во наредниот период да имаме многу нови проекти кои ќе значат развој на Општината,бизнис секторот, земјоделството, туризмот, економијата“. изјави градоначалникот Миотвски.

Пред присутните беше презентирана новата ИПАРД 3 програма, која е различна од ИПАРД 2 по неколку основи. Покрај 4-те веќе акредитирани мерки од ИПАРД 2, сега ќе се акредитираат дополнителни 4 мерки, и тоа:
-Мерка1 -Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
(инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади и сл.);
– Мерка 3 :Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети – млекари, кланицчни капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема на истите и слично);
– Мерка 7:Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети од сите дејности кои се лоцирани во рурални средини).

А како што беше речено, најголемата новост е тоа што со ИПАРД 3 се овозможува авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот, што ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош за полесен старт на проектите.

Големина на фонт
Контраст