Jавен повик ,, ВКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ,,
На ден 12 мај ( петок) по трети пат во Општина Крива Паланка ќе се реализира големата Еколошка акција насловена како ,,Генералка Викенд,,.
Оваа масовна еколошка акција на генерално чистење на природната средина, во оваа 2023 година , ќе се реализира во над педесеттина општини во нашата држава и истата е широко прифатена во јавноста и подржана од голем број на субјекти бидејки има благородна еколошка мисија.
По тој повод се повикуваат : граѓаните, граѓанските здруженија, училиштата ,институции , претпријатија компании, политички партии, спортски клубови , совети и заедници на станари , месни заедници и други субјекти , да покажат добра воља односно да се вклучат сите кои се во можност во оваа благородна еколошка акција
Заедно сите да допринесеме ДА ја направиме нашата општина чиста и зелена,
ДА одвоиме барем малку време и да излеземе сите заедно, во ист ден ,во исто време и со иста цел – сите да покажеме со личен пример и опшествена одговорност колку ни е важна природната средината и околината во која живееме и работиме, да покажеме дека отпадот треба да се остава на определени места предвидени за негово одлагање, да покажеме дека дека отпадот треба да се селектира и рециклира.
Граѓаните во акцијата можат да се вклучат на два начина и тоа:
– со вклучување работно во акциите за собирање на оставен или фрлен отпад од уредени и неуредени зелени површини во околина на своите домови , игралишта , речни корита , долови , покрај улиците и своите дворови и други слични локации.
– или преку предавање на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови , како на пример ( стаклени шишиња , тегли , пластични шишиња, лименки , електронски отпад , неупотребливи апарати , неупотребливи автомобилски гуми, хартија и слично) на определените места за селекција на отпад поставени во градот.
Искрено се надеваме на подршка од сите Вас бидејки ова не го правиме за некој друг туку за самите себе и за нашите идни генерации.
Да покажеме висока Граѓанска и Еколошка свест на нашата општина кога се работи за создавање на чиста и зелена животната средина и природа. .
Оставете ги за малку мобилните телефони, телевизиските серии, социјални мрежи и излезете малку во дворот , во неговата околина и направете нешто за себе .
ВКЛУЧЕТЕ СЕ и ВИЕ.
Акцијата почнува во петок 12 мај со почеток во 09 часот
Информации и пријавувања на контакт тел: 075 236 557.