Врз основа на член 2 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купување на дигитален уред („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.1/23), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2023 година, број 09-379/14 од 30 јануари 2023 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 1/23) а согласно ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2023 година Општина Крива Паланка објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел на трошоците на млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купен дигитален уред
Општина Крива Паланка ќе изврши поврат на дел од средствата на вкупно 5 (пет) млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купен дигитален уред во износ од 50% од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од 9.000 (девет илјади) денари во нето износ по лице. Јавниот повик ќе трае од 10 мај 2023 година до 8 јуни 2023 година.
Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на дел од средствата за купување на дигитален уред имаат млади невработени лица со адреса на живеење на подрачјето на општина Крива Паланка, кои ги исполнуваат следните услови:
- да спаѓаат во категоријата на млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20);
- да се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
- дигиталниот уред да е набавен на територијата на Република Северна Македонија во 2023 година;
Според член 1 од Правилникот одредени термини го имаат следното значење:
- млади се лица на возраст од 15 до 29 години;
- дигитални уреди се десктоп копмјутер, преносен компјутер односно лаптоп или таблет;
- невработено лице е евидентирано лице кое не е вработено, активно бара работа и ги исполнува условите спред Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот број на субвенции се определува на вкупно 5 (пет) субвенции, а максималниот износ за поедничената субвенција за купен дигитален уред за 2023 година се утврдува во износ од 50% од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од 9.000 (девет илјади) денари во нето износ.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден дигитален уред.
Начин на пријавување на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:
- барање за финансиски средства за субвенција за купување на еден дигитален уред (барањето може да се подигне во Архивата на општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на општина Крива Паланка: www.krivapalanka.gov.mk);
- фотокопија на важечка лична карта или важечка патна исправа на барателот;
- документ (потврда) дека лицето е евиденирано како невработено лице во кој ќе биде наведен периодот за кој е евидентирано како невработено лице (документот се издава од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и истиот треба да биде издаден со датум за периодот додека трае Јавниот повик);
- Оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ со датум не постар од 01 јануари 2023 година како доказ дека е извршено купување на дигитален уред;
- фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот;
Документацијата се поднесува во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за „ Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред “ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.
Начин на реализација на Јавниот повик
По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред, на веб-страницата на Општината во рок од 30 календарски дена заинтересираните со пополнување на Барање, вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Крива Паланка.
Во случај на повеќе поднесени барања во однос на определениот број на субвенции, предност ќе има барателот кој е евидентиран како невработен подолг временски период во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски
Барање за субвенции за невработени за дигитални 2023
Правилник за субвенционирање за купување на дигитален уред за невработени
Сметки за уплата на административна такса