Масовна вклученост на граѓаните на општина Крива Паланка во еколошката акција Генералка викенд

Граѓаните , училиштата , граѓанските здруженија, спортските клубови, јавните установи, јавните претпријатија и одредени приватни компании, на чело со локалната власт од Крива Паланка , уште еднаш на дело докажаа дека сакаат да живеаат, работат, спортуваат и се рекреираат во чиста и зелена средина.

Во големата еколошка акција насловена како Генералка викенд која се реализираше денеска 12 мај 2023 година во општина Крива Паланка, се вклучија над 500 волонтери кои собираа отпад од 35 локации од уредени или неуредени зелени површини, покрај , сите излезни патишта од градот , во приградските населби и излетничките места.

Во оваа еколошка акција која по трети пат се спроведува во нашата општина се вклучија 25 правни субјекти , десетина граѓански здруженија , неколку заедници на станари кои покажаа висока еколошка свест и голема опшествена одговорност за заштита и унапредување на животната средина.

Општинската власт изјавува јавна пофалница до: најмалите дечињата од предучилишната возраст и учениците од основните училишта кои се едуцираа за потребата од посебно собирање и селектирање на одреден вид на отпаден материјал кој се наоѓа во нивните домаќинства и кои собраа над 100 вреќи на непотребни пластични шишиња , хартија, лименки и мал електричен отпад.

Голема благодарност за вклучување во акцијата и на највозрасните пензионерите, потоа на професионалците како: планинарите, извидниците, спасителите, пожарникарите, спортистите, , медицинарите, шумските работници , волонтерите на црвениот крст како и за јавната администрација , вработените во приватните компании и вработените во јавните претпријатија и на сите други учесници. Посебна благодарност за логистичката подршка на ЈП Комуналец.

Кривопаланчани навистина покажаа дека сакаат својот град и неговата околина да им биде сегогаш чисти, уредени и зелени.

Благодарност до сите.

Големина на фонт
Контраст