Со започнување на новата учебна година 2009/2010, започна реновирањето на гимназијата “СОУ Ѓорче Петров“. Во моментот реновирањето е започнато со уредување на внатрешноста на салата, поставување на нов под, бојадисување, а подоцна и измена на на инвентарот и доопремување со спортска опрема.
Ќе биде реновиран и делот пред влезот во објектот на гимназијата, односно ќе се поплочува со бекатон плочки.
Сето ова што се превзема е за подобрување на наставно-воспитниот процес на учениците, а во самото реновирање градоначалникот Арсенчо Алексовски и неговиот тим, вложуваат многу со цел да се подобри имиџот на градот преку подобрување на условите за образование на младите од Крива Паланка – вели директорот на гимназијата, господинот Миле Милковски.