Јавен повик за пријавување на материјални штети од обилни врнежи на дел од територијата на Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на нивниот имот од обилните врнежи кои се случија на ден 04.06.2023 година на дел од територија на Општина Крива Паланка (нас.Белево), да ги пријават во просториите на Општина Крива Паланка до Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Крива Паланка.

Потребни документи:

  • Барање за пријавување на штета од природна непогода, (образецот граѓаните можат да го подигнат од архивата на Општина Крива Паланка или да го симнат од веб-страницата на Општина Крива Паланка).

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • Фотокопија од имотен лист,
  • Фотокопија од лична карта,
  • Изјава за користење на личните податоци (образецот граѓаните можат да го подигнат од архивата на Општина Крива Паланка или да го симнат од веб-страницата на Општина Крива Паланка),
  • Фотокопија од трансакциска сметка.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08.00 часот до 15.00 часот, во периодот од 09.06.2023 година, заклучно со 16.06.2023 година во Општина Крива Паланка.

  ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                  Градоначалник,
Сашко Митовски

Барање за пријавување на штета
Изјава

Големина на фонт
Контраст