Владата на Република Словенија преку Министерството за Надворешни и Европски работи и амбасадата во РСМ го финансираат 3 годишниот проект за развојот на пчеларството во Североистоичниот Плански Регион и Вардарскиот регион. Отворениот повик се однесува за мотивирани и заинтересирани луѓе со акцент на вклученост на жени и млади кои сакаат сериозно да отпочнат свој бизнис за одгледување на пчели, производство на мед и производи од мед во рурални места во Општината Крива Паланка.
Почетници кои ќе бидат избрани ќе добијат врвна обука од најдобрите стручњаци од РСМакедонија и Р.Словенија, а после завршената обука ќе добијат се што им е потребно да го започнат својот бизнис.
На повикот можат да се пријават и напредни пчелари кои сакаат да го унапредат своето работење и да го подигнат на највисоко ниво во делот на органско пчеларство.
Сите заитересирани и мотивирани лица за учество во поектот можат да се пријават преку е-пошта [email protected] или на телефонскиот број 070-225-651 кај Проект менаџерот Дејан Антиќ.