Кошаркарките од СОУ Ѓорче Петров на Европско средношколско првенство

 – Средношколската женска кошаркарска екипа на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка е национален претставник и ги брани бoите на училиштето и државата на Европското средношколско кошаркарско првенство што од денес до 17 јуни се одржува во нашиот главен град.

Екипата е актуелен државен средношколски првак, победник на државните натпреварувања во организација на Федерација на училишен спорт на Северна Македонија, со што оствари пласман на Европското првенство.

-Овие наши ученички-кошаркарки се вистинска гордост на училиштето. Под водство на професорот Ведран Белешковски тие не претставуваат во најдобро светло бележејќи успеси втора година по ред на највисокото државно натпреварување, без конкуренција.

Mинатата година беа прваци, по што освоија вицешампионска титула на Балканските средношколски игри и се пласираа на Светско првенство во Белград. Годинава повторената шампионска титула на државно првенство на ФУСМ, ги лансираше на Европското првенство во Скопје, за првпат сме на Европско првенство и им посакуваме успех на претстојните натпревари, со порака дека во нашите срца тие веќе се шампионки, рече директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.

Кошаркарките од СОУ „Ѓорче Петров“ денес во 14 часот го играат првиот меч на првенството против ССУ „Милорад Власиќ“ од Босна и Херцеговина.

Средното општинско училиште Ѓорче Петров, Крива Паланка во 2012 година во машка конкуренција, кошарка, освои бронзени одличја, додека женскиот тим истата година заврши четвртопласиран на Гимназијада 2012 во Прилеп, двата тима под водство на професорот Белешковски

Големина на фонт
Контраст