Богата програма на “Кривопаланечко културно лето”

Општина Крива Паланка во соработка со институциите од областа на културата подготви богата програма на “Кривопаланечко културно лето 2023” со повеќе од 30 настани: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, фестивал на традиционална храна.

Според градоначалникот, Сашко Митовски, се очекува културната понуда на градот повторно ќе го привлече вниманието на публиката од регионот и пошироко со настани за сите генерации: Меѓународен детски фолкорен фестивал “Паланачка тројка”, Вечер на “Осоговска староградска песна” во јули,

“Меѓународен фолклорен фестивал св.Јоаким Осоговски” и “Џојфест”- јубилејно,10-то издание, на крајот на август, во екот на празнувањата на градот.

Програмата на “Кривопаланечко културно лето” ја отворија младите со изложба на дела изработени во ЛУ Градски музеј за време на”Денови на културата”, а продолжува со една од најстарите ликовни колонии во државата, Меѓународна ликовна колонија “св.Јоаким Осоговски”, што започнува денес и ќе трае една недела во просториите на манастирскиот комплекс Св Јоаким Осоговски.

-Крива Паланка и ова лето се очекува да биде неодминлива дестинација за бројни посетители, љубители на културата, уметноста, природата и секако, добрата храна, по која е позната општината, но и Фестивалот на традиционална храна “Вкусот на традицијата” со кој се заокружува “Кривопаланечко културно лето” ќе понуди одлична можност за дегустација на вкусни традиционални македонски јадења автентични за поднебјето на Општина Крива Паланка и околината, а самиот настан е новитет и ќе биде несекојдневна прилика за сите туристи и сите граѓани, додава градоначалникот Митовски.

“Кривопаланечко културно лето” 2023 го реализираат Општина Крива Паланка, Национална установа Центар за култура Крива Паланка, ЛУ Градски музеј Крива Паланка, во соработка со здруженија од областа на културата и уметноста од градот, со поддршка на Министерство за култура на Северна Македонија.

Големина на фонт
Контраст